Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ моментално се наоѓа на Миконос каде се одмара со пријателите, а фотографиите направени во кафуле ги „запалија“ социјалните мрежи.
Познато е дека Влаховиќ важи за еден од најпосакуваните фудбалери во Европа, а сликите од плажа се вистинскин„подарок“ за жените.
Влаховиќ навистина ужива во друштво на пријатели, но и неколку атрактивни девојки.
Да потсетиме, Влаховиќ се најде на списокот на селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси, а на 16 јуни „орлите“ ќе играат против Јордан во Виена, а потоа четири дена подоцна во Разград против Бугарија.