Влегуваме во нов топлотен бран: Еве какви температури ја очекуваат Македонија денес

Денеска не очекува претежно сончево и топло време, со слаба до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните утрински температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 29 и 37 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде слично – сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од утрински 17 до попладневни 37 степени.

Според УХМР, од утре земјава ќе потпадне под влијание на топла воздушна маса од југ, што ќе донесе период на стабилно, сончево и исклучително топло време. Во текот на наредната работна седмица, дневните температури насекаде ќе надминат 30 степени, а на повеќе места ќе се искачат над 35, со можни екстреми и над 40 степени Целзиусови.

Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во најтоплиот дел од денот, и на редовна хидратација.