Младенците кои ја организираа венчавката и им наплатија на гостите околу 2.400 евра за нивното доаѓање се најдоа на мета на критики на интернет.
Гостите на венчавката која се одржа во Велика Британија за да присуствуваат морале да платат речиси 2.400 евра. Освен тоа, морале да платат и храна и пијалоци, како и бакшиш од 240 евра.
Пред венчавката, на гостите им праќале мејл за да го потврдат нивното пристигнување, а на крајот од пораката имало прилог наречен „Кликни овде за да платиш“, што предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.
Еден од гостите, Џек, мислел дека тоа е фонд за меден месец, но неколку дена подоцна сфатил дека тоа е наплата за неговото доаѓање. Кога кликнал на прилогот открил дека треба да плати 2.400 евра. Зачуден, тој стапил во контакт со персоналот на местото на венчавката кои му објасниле дека невестата и младоженецот очекуваат нивните гости да ги покријат трошоците за нивната „венчавка од соништата“.
И покрај тоа што бил шокиран, Џек ги испразнил заштедите и решил да присуствува на венчавката. Меѓутоа, кога пристигнал на церемонијата, дознал дека храната и пијалоците не се вклучени, па морал да плати дополнителни 35 евра за оброкот, пишува Мирор .
Како тоа да не беше доволно, сите гости мораа да издвојат дополнителни 240 евра како „бакшиш за место“. Персоналот објаснил дека младенците побарале овој бакшиш да му се наплати на секој гостин, што не е вообичаено во ОК.
По венчавката Џек пресметал како сите трошоци се распределени меѓу гостите, додека младенците избегнувале да платат, со што практично добиле бесплатна свадба.
Луѓето се згрозени и лути на невестата и младоженецот
На социјалните мрежи луѓето беа згрозени и не можеа да поверуваат во дрскоста на младенците.
„Да го видев прилогот за плаќање, веднаш ќе ја откажав посетата. Тие не се ваши пријатели, тие само ве искористуваат“, гласеше еден коментар.
Други заклучиле дека гостите биле измамени.
По лавината негативни коментари, личноста која ја опишала ситуацијата во која се нашла додаде дека ваквото однесување не се смета за вообичаено ниту во Америка, ниту во Велика Британија, туку е одраз на неоправданите очекувања на младиот пар.