„Коалицијата ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива позиција: сè додека сме дел од владата, законот за „бранители“ нема да помине без вклучување на поранешните припадници на ОВК. Секој обид за еднострано донесување на овој закон е неприфатлив и е во спротивност со принципите на правда и еднаквост“, се вели во соопштението на коалицијата ВЛЕН, во врска со состојбите создадени во Комисијата за социјална работа, млади и демографија.
ВЛЕН го обвинува СДСМ за обид за извртување на фактите и создавање забуна во јавното мислење.
„Нема прекршување на Деловникот на Собранието од страна на нашата коалициона пратеничка, г. Имарлие Салиу-Фетаи. Потсетуваме дека г-ѓа. Салиу-Фетаи не е претседателка на Комисијата за социјална работа, млади и демографија. Таа едноставно водеше точка од дневниот ред на Комисијата, за што доби овластување од претседателот на Собранието, согласно член 126, став 3 од Деловникот на Собранието. Така, г-ѓа. Салиу-Фетаи постапил целосно почитувајќи ги законските процедури и нема основа за тврдењата на СДСМ. Јасно е дека преку овие постапки СДСМ и Оливер Спасовски се обидуваат да го оттргнат вниманието на јавното мислење. Законот кој денеска го изгласа Комисијата се однесува на зголемување на пензиите, директно подобрување на животот на граѓаните. Реакцијата на СДСМ и Спасовски е отворен обид да се блокира ова покачување и да се избегне расправата за конкретни поволности за пензионерите. Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи оваа измамничка стратегија да ги прикрие вистинските проблеми со кои се соочува земјата и нејзините граѓани“, се вели во одговорот на ВЛЕН.