ВЛЕН: Оние кои се нарекуваа европски вредности ја пополнуваат американската црна листа

Партиската нон грата ДУИ уште еднаш докажува дека е пропадната партија без идеали. ДУИ, која со години го блокираше патот на Северна Македонија кон ЕУ, бара отчет зошто ВЛЕН шест месеци не го деблокира европскиот пат, велат од ВЛЕН.

„Партија нон грата ДУИ, која со години молчеше за реформите во правосудството и кога ЕУ ги раздели Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ, денес бара овие работи да се средат преку ноќ со магично стапче. Им велиме дека да, Северна Македонија ќе биде членка на Европската Унија, но никогаш со антиамериканска партија како ДУИ во Владата.

ДУИ нон грата, партијата која го уништи правосудниот систем во земјава, втурна во корупција и организиран криминал, повикува на европските вредности. Партија која 20 години, освен што не мрдна ниту еден камен кон Европската Унија (ЕУ), го уриваше секој мост што го поврзуваше нашето општество со ЕУ, со партизација до крајности на судството, истовремено со амнестија на лица кои не грата како Груевски и Мијалков“, велат од ВЛЕН.

Од таму велат дека ВЛЕН е силно ангажиран во спроведувањето на обврските од ЕУ и го чекаме последниот момент од формирањето на политичката Влада во Бугарија за да се затвори спорот со Бугарија и конечно да се отвори поглавјето на разговори со ЕУ.

Оние кои беа повикани на европските вредности, ја пополнуваат американската црна листа! Коалицијата ВЛЕН се залага за лечење на раните кои ДУИ ни ги остави како товар. Заздравувањето на овие рани во државните институции бара време. Во рамките на овој мандат, Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе биде многу блиску до полноправно членство во ЕУ.