ВЛЕН ќе го поддржи Максим Димитриевски во вториот круг од локалните избори во Куманово

Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, се сретна со Изет Меџити од ВЛЕН. Димитриевски вели дека ја добил поддршката од ВЛЕН за вториот круг, каде што ќе се соочи со противкандидатот Горан Стојковски.

„Раширени раце! Денес имав средба со новиот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, организацискиот секретар на Алтернатива, Башким Муртазин и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топол и искрен разговор со претставници на коалицискиот партнер ВЛЕН, добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово — поддршка што ја одразува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, што дава дополнителна енергија и мотивација да се продолжи напред во реализацијата на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово.“

„Ви благодарам на сите што ја препознавате и поддржувате визијата за иднината на Куманово и Македонија. Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на нашите сограѓани од Куманово“, напиша Димитриевски.