ВМРО ДПМНЕ: Вчера беше уапсен поранешен член на ЦК на СДСМ, нема повеќе недопирливи функционери

Криминалот на кадрите на СДСМ и ДУИ метастазира во сите гранки на општественото делување. Криминалот на СДСМ е синоним за нивното владеење и причина за довербата од 2 отсто во судството и недовербата во институциите на системот, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Злосторствата за време на владеењето на функционерите на СДС секојдневно излегуваат на виделина. Податоците и доказите за криминалите и злоупотребите на функционерите за време на 7-годишното владеење на СДС и ДУИ се во јавноста. Вчера беа уапсени членот на ЦК на СДСМ и поранешен директор на Затворот Скопје, Филип Андов – Сокол и неговата десна рака, командирот на затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени.

Поранешниот директор Филип Андов-Сокол претходно беше советник на поранешниот премиер Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на град Скопје.

Народот гледа што ја водеа државата криминалците од СДС, тие самите од профитабилни причини го осиромашија народот и ја уништија државната каса. Нема веќе „како сега“, нема недопирливи функционери во близина на структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.