Димитар Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение.
Цела година Ковачевски шири лаги дека ќе има уставни измени, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и што уште не. Не само што нема уставни измени, и што ВМРО-ДПМНЕ е конзистентно на ставот против уставните измени, туку и пратеници од СДС и коалицијата се против.
Ковачевски не може да избега од фактот што во Собранието имаше 70, а не 73 пратеника колку што тврди дека поддржуваат уставни измени.
Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните.
Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци.
И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне.
Единствен излез од оваа криза се само избори.
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ