Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека креатор на Артан Груби, покрај ДУИ, е и СДСМ.
„Тие заедно со ДУИ го создадоа Артан Груб. Го дозволуваа и толерираа во сè што правеше. СДСМ го толерираше Груби и кога ги потценуваше и навредуваше граѓаните и кога ги понижуваше и деградираше институциите кога, недолично, играше фудбал или кошарка во канцелариите. СДСМ толерираше и дозволи Груби да ја ограбува државата, почнувајќи од Лотарија, па завршувајќи со министерството со кое тој раководеше. Иако знаеја што прави Груби, СДСМ свесно дозволија. СДСМ тоа го направи само поради желбата што подолго да остане на власт. За криминалот на Груби е виновна и СДСМ. Груби во времето на власта на СДСМ слободно и без проблем ја крадел и ограбувал државата и поради оваа причина не само што немало кривично гонење или постапка, туку немало ниту предупредување или вербално дистанцирање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ и сега во опозиција СДСМ молчи за Груби и не се оградува од него.
„Ако СДСМ и Венко Филипче се барем малку доблесни, треба да го прифатат македонското мислење дека го создале Груби и јавно да се извинат за ова. А, истовремено треба да одговараат и претходниците на Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Зашто, да не беше нивната желба подолго да останат на власт, Артан Груби немаше да и’ се случи на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ