Залудни се обидите на Артан Груби преку МПС да пласира теза дека Шпреса Абази, снаата на Ислам Абази била вратена на работа на место кое било во мирување.
Фактите, дел со потпис на Груби, покажуваат дека таа е примена на работа на 04.04.2022 токму во неговото министерство.
Исто така Шпреса Абази по огласот на АЕК, за вработување етнички Албанец, во септември 2022 станува вработена од АЕК.
Артан Груби да не продолжува со манипулациите, кога место во администрацијата е во мирување, ако вработениот се враќа на работа, нема нов оглас за вработување!
Залудни се обидите за медиумско перење – ДУИ ужива во неказнивост заради сите административни работни места за презимето Абази!
Затоа нема истраги за Ахмети, Соравија, Артан Груби, Ауди, Мерко…
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ