Прв чекор за унапредување на здравствената заштита е локалното ниво или формирање на комисии за заштита на права на пациенти. Со ова ќе се даде придонес во унапредување на квалитетот на здравствена заштита кај различни категории пациенти. Ова беше заклучено на денешната средба во организација на ЗЕЛС и претседателот Орце Ѓоргиевски и Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предводена од доктор Игор Николов. Денеска тие се сретнаа со претседателот на Здружението на дијабетичари, Димче Велев, а средбата беше во рамки на одбележувањето на 7-ми април, Светски ден на здравјето кој годинава се одбележа под мотото „Здравје за сите“.
„Неопходен е достоинствен третман за дијабетичарите, но и сите останати категории пациенти. Имавме одлична и конструктивна средба со фокус на долгогодишните предизвици со кои се соочуваат дијабетичарите. Заеднички иницираме преку ЗЕЛС конкретни чекори во соработка со општините со цел во рамки на прописите да се излезе во пресрет на пациентите“, рече на средбата градоначалникот Ѓоргиевски.
Доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со оваа иниција голема придобивка ќе имаат пациентите, а ќе значи и растеретување на терциерното здравство.
„Заедно со градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС ја инициравме оваа средба. Идејата општините да се вклучат преку комисии за здравство на локално ниво во помош на граѓаните и пациентите ќе е од голема помош за сите, а со тоа и ќе го подобриме квалитетот на здравствена заштита“, рече доктор Николов.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.