ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“ одат во вториот круг за Скопjе

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, кој беше прв со 39,43 проценти од гласовите, и кандидатот на „Левица“, Амар Мециновиќ, кој има 13,20 проценти, одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје.

Коалициите ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“ се исто така на прво и второ место во трката за советници во Градскиот совет на Градот Скопјe.

Кандидатката на СДСМ, Каја Шукова, доби 10,50 проценти од гласовите. Кандидатите на ВЛЕН, Башким Бакиу, 12 проценти, и ДУИ, Скендер Реџепи, 11,22 проценти, исто така имаат повеќе гласови од неа.

Ова се резултатите од 99,92 проценти од преброените гласови во главниот град.