Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола, наместо да молчат, да кажат дали во Соравија е платен данокот на промет и како е извршена трансакцијата – рече денеска преку реакција, заменикот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
„Дали внукот на Ахмет освен што не платил ниту денар за Соравина, не платил ниту денар на име данок на промет? Според она што го објавија медиумите во нивното истражување, во Македонија не е регистрирана трансакција? Значи, Ахмети мора да каже како е направен откупот и преку која даночна регулатива“, вели Ковачки.
Ковачки додаде дека се лажни тврдењата на Ахмет и други дека овој трговски центар е во загуба и долг.
„Од информациите со кои располагаме може да се заклучи дека за две години бизнис центарот Соравија остварил добивка од близу 2 милиони евра. И сето тоа кога не е целосно искористено. Бизнис центарот Соравија е голем објект кој има голем неискористен простор. Затоа, се поставува логичното прашање, дали како закупци ќе се најдат фирми блиски до власта или можеби државни органи“, се наведува понатаму во реакцијата на заменикот на ВМРО-ДПМНЕ.