ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бил соучесник во криминалот на Груби

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поранешниот заменик Премиерот Артан Груби со години краде од државата и за ова знаеле СДСМ и ДУИ и како што велат МВР под раководство на поранешниот министер Оливер Спасовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите знаеле и премолчувале за мрачните зделки, приватните тендери, влијанието врз правдата, криминалот и корупцијата.

,,СДСМ се виновни затоа што знаеле дека Груби крадр, но не го спречиле од профитни причини“, велат од партијата на Христијан Мицкоски.

Кривичното барање на МВР против поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, не е отфрлено, додека Обвинителството ги истражува обвиненијата.

Од тука напоменуваат дека и двајцата биле пријавени за различен временски период и за други дејствија.

Министерството за правда сè уште нема испратено барање за екстрадиција на Груби и Запарим Бајрами, бидејќи немаат допис од МВР дека и двајцата се лоцирани или уапсени во одредена држава. Само откако ќе добие допис од МВР, Министерството за правда може да побара екстрадиција и за двајцата.

Од МВР велат дека се во постојан контакт и соработка со косовската полиција.