Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на Националниот молитвен појадок што в четврток ќе се одржи во Вашингтон, информираат од партијата.
-Во рамките на посетата на САД, Муцунски ќе оствари и работни средби со високи претставници на Стејт Департментот, членови на Конгресот, како и на меѓународни организации кои се партнери и пријатели на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.