Цела недела Скопје се гуши од пожарите што наизменично се пиојавуваат на „Дрисла“ и на „Вардариште“ а наместо решенија, власта денеска прстот го вперува во опозицијата.
На премиерот Мицкоски чудно му било како имало пожари во институции раководени од ДУИ, алудирајќи на актуелниот директор на ЈП „Дрисла“.
Мицкоски најави одговорност додавајќи дека со децении ништо не се санирало и правело околу депонијата.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски посредно управува со депонијата најмалку од 2005 година кога градоначалник на Скопје (под чија надлежност е Дрисла) е Трифун Костовски со поддршка токму на ВМРО-ДПМНЕ.
За волја на вистината, во времето на Коце Трајановски, уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Град Скопје се впушти во давање на под концесија на италијанската„ФЦЛ Амбиенте“ која за директор го имаше назначено Горан Ангелов кој своевремено ќе се кандидара и за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Дури во 2020 година тогашниот градоначалник Петре Шилегов ја врати депонијата под надлежност на Град Скопје.
Сличен е случајот и со претоварната станица „Вардариште“ која е на територија на општина Гази Баба.
Оваа општина од првите локални избори во независна Македонија, од 1996 година, е раководена од ВМРО-ДПМНЕ, со еден кус период од 2017-2021 година.
Речиси сите кандидати за градоначалници, меѓу кои последните актуелни градоначалници Бобан Стефковски и Данела Арсовска за „Вардариште“ и „Дрисла“ ветуваа дислокации, пренамени, осовременувања.
Оттогаш па се до денес, за овие две локации константи се две работи: празните ветувања и канцерогениот чад.
ВМРО-ДПМНЕ своевремено ја даде „Дрисла“ на италијанска компанија, а директори блиски до партијата увезувале опасен отпад што се складирал на неа
Депонијата „Дрисла“ близу Скопје деновиве повторно ги труе граѓаните.
Пожарите што упорно не се изгаснуваат во воздухот испуштаат канцерогени честички, а речиси никој не знае ниту што се гори на депонијата.
Денеска оваа депонија е под надлежност на Град Скопје па оттаму, најодговорни за нејзината работа се градските власти преводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Но не се далеку времињата кога токму ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски „Дрисла“ ја дадоа на управување на италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“.
И во тој период чести беа согорувањата на штетни материјали и испуштањето на штетни материјали во воздухот.
Бугарски и македонски медиуми пред неколку години пишуваа дека тогашниот директор на „Дрисла“ Горан Ангелов (кој беше и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ) преку фирма од Бугарија во која имал сопственички удел, на „Дрисла“ увезувал опасен отпад.
За тоа беше поднесена и кривична пријава, но по неа немаше никаков епилог.
Претходната градска власт предводена од Петре Шилегов успеа ова јавно претпријатие да го врати под надлежност на Град Скопје, но по доаѓањето на Данела Арсовска во ова претпријатие се сменија неколку директори, а денес „Дрисла“ ја дели истата судбина на нефункционалност како и останатите скопски јавни претпријатија.
На Мицкоски за „Дрисла“ виновна му е ДУИ а над 20 години градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ раководат со Град Скопје и општина Гази Баба
Повеќе денови гори депонијата „Дрисла“ близу Скопје а чадот од пожари го гуши половина град.
Претходно, пожари имаше и на претоварната станица „Вардариште“ со што секојдневието во општина Аеродром стана недподносливо.
Денеска, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања прстот за пожарот на Дрисла го впери кон опозициската ДУИ.
„Чудно е како во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи“ рече денеска Мицкоски, додавајќи:
„Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена ќе успееме да го санираме“.
Но во тие децении што денеска ги спомна Мицкоски свесно или несвесно заборави на фактот дека најголем дел од тој период за кој зборуваше, раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2005 па наваму со Град Скопје под чија надлежност е Дрисла раководи градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ (со исклучок на 2017-2021 и Петре Шилегов)
Од 1996 (и првите локални избори во независна Македонија) со Гази Баба раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ (освен периодот 2017-2021 и Борис Георгиевски од СДСМ)
Сите овие кадри на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Коце Трајановски кој беше и градоначалник на Гази Баба и на Скопје во два наврати сносат огромен дел од одговорноста за тоа што не воделе сметка како што вели премиерот.
И додека граѓаните очекуваат брзи и ефикасни решенија од сите институции, првенствено од Владата, премиерот апелира на трпение, а одговорноста ја гледа насекаде освен во својот двор.