Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштението потенцираат дека премиерот Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ демонстрираат одговорност за постарата категорија.
Според нив, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првата недела од мандатот донела одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари за сите пензионери.
Над 300.000 граѓани ќе имаат повисоки пензии за 5.000 денари, поточно најмалата пензија ќе биде 15.600 денари, додека просечната пензија ќе ја надмине минималната плата во државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму појаснуваат дека првото поскапување од 2.500 денари ќе биде во текот на месец септември, додека следното зголемување ќе биде во март 2025 година.