„Венко Филипче како претседател на СДСМ знаел за криминалите што ги направил Артан Груби“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, коментирајќи го случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби.
„Со години Артан Груби ја краде државата и СДСМ тоа го знае и молчи. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за измамничката ДУИ СДС, токму на тоа мислеше. СДСМ молчеше и го дозволи криминалот на Груби за да не се налутат и ДУИ да не излезе од коалицијата“, рече Петрушевски.
Тој истакна дека опозицијата и Филипче треба да им се извинат на граѓаните за случајот „Груби“.
„Да не беше СДСМ и нивната болна желба за власт по секоја цена, Буџетот немаше да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговите пријатели“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.