ВМРО-ДПМНЕ: Со Груби, Деспотовски и Ковачевски милиони се однесоа во странство

СДСМ и ДУИ оставија криминал и деструкција, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и правната држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во изминатиот период излегоа на виделина неколку кривични предмети од кои јасно се гледа како СДС и ДУИ ја ограбиле државата. Од милионерскиот криминал на Артан Груби во Лотарија, преку милионските тендери на Васко Ковачевски во ТЕЦ Битола, до криминалните договори на Јован Деспотовски во ТИРЗ, испарени се милиони од државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ ги гледаа државните претпријатија како парче торта за споделување. И додека СДС и ДУИ правеа финансиски криминал во институциите, ги пуштаа бандите да експлодираат по улиците кои се веќе зад решетки. Преокупацијата со милионерските зделки со ЛСД и ДУИ, наместо со органите на редот, придонесе криминалците да бидат стрелани на улица, а сето тоа сега е минато.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за краток период успеа да започне постапки за одговорност за голем број кривични дела и функционира правната држава. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува. Секој што сторил кривично дело ќе има одговорност“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.