Вчера со гласањето на Талат Џафер за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да ја спаси фотелјата и коруптивните зделки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Верните слуги на ДУИ вчера го направија македонскиот народ станари во својата земја и дозволија партија која нема број пратеници и гласови да биде премиер на државата. Партија која е се, едноставно не европска, партија насилници, кои влегуваат во институции за да се пресметаат, каде има корумпирани функционери, кои мислат само како да грабнат што повеќе милиони и имот за себе и за своите деца и внуци нивни.
Талат Џафери е синоним за политичар и личност која не е достојна да биде во оваа држава. Човек близок до подземјето каде често се фотографира со нив, човек кој кршеше закони и прописи во парламентот кога требаше, човек кој ја вработи ќерка си во ЕЛЕМ, а неговиот син полагаше правосуден испит без диплома, човек кој го блокираа и законот за одбрана со читање поезија од говорница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.