Почитувани,
Русковска обвинителството и Кацарска судството со нов дебакл. Највисокиот суд во Стразбур одлучи дека поранешниот министер Спиро Ристовски незаконски бил држен во притвор за случајот 27ми април. Тоа значи дека биле повредени неговите права и незаконски, против правно бил лишен од слобода.
Целиот случај е правна камиказа и е граден врз политички мотиви, наместо правни аргументи. Овој случај беше користен за политички линч од Кацарска судството и Русковска обвинителството кон ВМРО-ДПМНЕ при што настрадаа многу невини луѓе. Поради пресудата за 27ми април Кацарска сега е наградена во Уставен судија за нејзина претседател, а Русковска остана да биде синоним за срамните обвиненија.
Овој конкретен случај беше воден од судијата Илија Трпков, а за притворите кои незаконски се доделувале одлучувале судии од Судскиот Совет. Годините поминуваат, срамот и хајките на СДС не се забораваат.
Наместо ловење криминал, Кацарска судството водеше политички линч.