„Изјавите на Филипча во кои го фали Заев како политичар од кого „треба да учиме“, се должат на суштината на она што го претставуваше Заев, кој остави хаос во институциите и го уништи угледот на Македонија. Македонија се соочуваше со најтешките трагедии, убиствата кај Смилковското езеро и смртта на Младенов, а Заев вети дека ќе ја открие вистината за овие настани. Народот не доби ниту објаснување ниту вистина од Заев, само предавство на секое поле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче, кажи ми дали ова е политичкиот пристап што го нарекуваш „пример од кој треба да учиме“?“ Дали Филипче зборува за празните ветувања на Заев, масовните корупциски скандали, недостатокот на почит кон институциите или распродажбата на националните интереси? И по сето ова, Филипче мора да одговори пред јавноста дали е спремен да понесе одговорност за политичкиот багаж на Заев? Кога лидерот на партија која успеала да ја сруши земјата се повикува на личност како Заев, тој треба да ѝ објасни на јавноста што точно мисли. И ако Филипче сака јавно да се позиционира како наследник на Заев, граѓаните треба да знаат дали се согласуваат со продолжување на истата приказна, само со нова маска. Или Венко Филипче едноставно користи емоционално набиени теми за да добие подобра политичка позиција. Дали Филипче ќе ја занемари одговорноста и довербата на граѓаните заради личен или партиски интерес? Сепак, ова е карактеристика по која е познато СДСМ. СДСМ повторно се обидува да манипулира и да изгради „реформиран“ имиџ. Наместо правда, граѓаните добија институционална партизација, непотизам и корупциски скандали. СДСМ го искористи своето време на власт за лични и партиски интереси, оставајќи ја земјата послаба, поделена и обесхрабрена. Граѓаните не можат да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“, човек под чие водство Македонија западна во најдлабоките кризи од нејзиното осамостојување. СДС е синоним за предавство, некомпетентност и криминал”, тврди партијата.