ВМРО-ДПМНЕ: Флипче доби луксузен автомобил како подарок од компанијата на која ѝ беше доделен тендерот

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, добил луксузен автомобил како подарок од компанијата „Зобек Мајнинг Груп“, која пак добила тендер за снабдување со јаглен за ЕСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Јавното обвинителство молчи и не презема никакви мерки во врска со дарот од 130.000 евра на Филипче.

„Кога лице кое нема семејни врски со друго лице ќе добие подарок од 130.000 евра, сосема е јасно дека станува збор или за даночна евазија, перење пари или злоупотреба на влијание. Покрај тоа, кога станува збор за подарок од 130.000 евра на политичар, пратеник и лидер на опозицијата, сосема е јасно дека нешто се крие“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.