Македонската опозициска партија во изјава за медиумите нагласува дека Ковачевски, Пендаровски и Османи „играат пинг-понг“ со проблемите и маките на граѓаните и хаосот со издавањето лични документи со новото уставно име на државата го прави не запира.
Како да не беа доволни долгите редици, туркањето и нервите на граѓаните, неспособните од власта на ДУИ и СДС ги намалија часовите и на шалтерите за фотографирање за лични документи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат и дека „на дело се гледа неспособноста на Оливер Спасовски и МВР поради тоа што навреме не ги доставиле обрасците за лични документи а со тоа и неможноста граѓаните да ги променат документите. на време“.
„Поради неможност за промена на повеќе од 1,2 милиони пасоши кои се оставени на промена, апелираме до властите на СДС и ДУИ да го одложат рокот за издавање лични документи. Бараме и Уставниот суд што поскоро да донесе времена мерка за укинување на одредбите од законот за патните исправи кои се однесуваат на рокот за измена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.