Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес остварил средба со пратеничката група во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
На средбата, информираа од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка состојба, со посебен акцент на Законот за амнестија предложен од Владата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, како што стои во соопштението од партијата, ќе го блокира носењето на овој закон.
„Но, доколку биде злоупотребено европското знаменце, пратениците ќе ја напуштат работата на Собранието“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Христијан Мицкоски, како што стои во партиското соопштение, неприфатливо е докажани криминалци вклучително и оние од случајот „Монструм“ да бидат помилувани или ослободени.
Христијан Мицкоски посочил дека со овој закон Владата сака да ги ослободи криминалците, бидејќи се надева дека тие ќе им помогнат во криминални сценарија за изборната кампања за парламентарните и претседателските избори.