ВМРО: Не може државата да биде заложник на веледрогеријата Пановски, која е во блиски релации со Филипче

„Тоа што веледрогеријата Пановски, преку тогашниот министер за здравство Венко Филипче, испумпувала милиони преку тендери, не смее да остане така, мора да се преземат мерки. Мафијата на смртта, веледрогеријата Пановски и Филипче, не смеат да бидат над законите и мора да понесат одговорност“ соопштија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Со тоа што три децении, граѓаните страдаат поради оваа мафија на смртта, мора да запре. Милионските суми кои што ги добивала оваа веледрогерија преку тендери, си има дозволено да го уценува македонското здравство со тоа што ги кревала цените за лекови до плафон“.

„ФЗОМ мора под итно да ја објави вистината за профитите од оваа мафија на смртта и колку оваа веледрогерија ги полни своите џебови, а пациентите не биле во можност да ги добијат лековите што ги бараат. Веќе три децении, пациентите и македонското здравство се заложници на оваа мафија, која за жал ги уништува животите на граѓаните. Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да оформи предмет, за долгогодишното испумпување на пари од ФЗОМ и Клиниките“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат „да се провери вмешаноста на Филипче, кои ги давал овие тендери во вредност над 35 милиони евра, на неговата блиска веледрогерија Пановски“.