Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во капитални проекти и развој на локалните самоуправи. Владата инвестира во општините 250 милиони евра преку јавниот повик за капитални проекти.
Ова е најголема поддршка од националниот буџет за локалните самоуправи насекаде низ Македонија и директна поддршка за нивен развој. Со поддршка од Владата секое село, секој град, добиваат можност да се развиваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се прави гантограм на активности, 20 милијарди денари се наменети само за локалната самоуправа, насекаде низ државата ќе има градежна офанзива.
Во вториот повик за капитални проекти во општините, има повеќе од 800 проекти. Од овие проекти најголемиот дел се во Министерството за транспорт, околу 600. Ќе се градат нови улици, локални патишта, плоштади, мостови.
Повеќе од 140 проекти се насочени кон животната средина, канализациони мрежи, водоводи, пречистителни станици, мерки за енергетска ефикасност, зелени површини. Вкупно со двата повика се околу 1.200 проекти, тоа 1200 градилишта низ Македонија“.
Додаваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го пушти во употреба мостот кај Башино село во Велес заврши реконструкцијата на столбовите, а санацијата чинеше 320 илјади евра. Исто така веќе е во фаза на проектирање нов мост којшто ќе биде со технологија којашто досега не е направена во државата.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира и вложува да ги приближи општините до граѓанинот, се истакнува во нивното соопштение.