Внимавајте на месото што го купувате! Еве како да препознаете со што навистина се хранела свињата

Фотографија на која се гледа разликата во месото од свињи одгледувани во различни услови стана хит на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции и коментари.

Доколку сте љубители на месо , фотографијата која се шири на социјалните мрежи сигурно ќе ве заинтригира. На него се прикажани две свињи одгледани на иста фарма, но во сосема различни услови за исхрана.

Едната свиња била хранета со природна исхрана, додека другата добила диета базирана на житарки, пченка и соја. Разликата во месото е очигледна, а реакциите на оваа слика не престануваат.

Фотографијата на својот X профил ја сподели д-р Метју Вилицки, кој ја објасни разликата во исхраната на овие свињи.

– Двете свињи се одгледувани во идентични услови на слободно одгледување, но прасето од десната страна се хранело исклучиво со житарки, пченка и соја, додека свињата од левата страна имала природна исхрана. Оваа слика јасно покажува како различните видови храна можат да влијаат на квалитетот на месото – изјави д-р Вилицки.

Фотографијата предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Многу корисници истакнаа дека одгледувачите кои бараат профит сигурно нема да дозволат свињата да акумулира премногу маснотии, додека други се прашуваа дали свињите се од иста раса. Исто така, се појавија прашања дали на свињата од десната страна и е дозволено да се храни деноноќно.