ВНИМАВАЈТЕ ШТО КОРИСТИТЕ ВО ПАРФЕМОТ НАЈДЕНА ЗАБРАНЕТА СОСТОЈКА! Инспекторите ги предупредија потрошувачите веднаш да престанат да го користат

Хрватскиот државен инспектор ги известил потрошувачите веднаш да престанат да го користат машкиот парфем PM (Parfemi Milano).

Како што објаснуваат, се работи за производ на марката PM серијата, број на модел 100-313, 50/100 мл. Дистрибутер на производот во Хрватска е ВИЗА МГ доо, Загреб, Реметинечка цеста 81; SCENT WELL doo, Загреб, Славонска авенија 50, а земја на потекло е Италија.

Производот ја содржи забранетата состојка хидроксиизохексил 3-циклохексен карбоксалдехид (HIČ – Лирал), објаснуваат од инспекторатот.

Тие, исто така, им порачуваат на потрошувачите дека доколку го имаат овој парфем дома, веднаш да престанат да го користат.

Забранија и пуштање на производот во промет, со наредба да се уништи.