Вкусот често се поврзува со карактерни црти.
Внимание внимание! Секој љубител на кафе мора да го прочита ова! Ако сте еден од оние кои сакаат горко, црно кафе без млеко и шеќер, можеби сте психопат , се вели во истражувањето.
Научниците кои ги проучуваат пупките за вкус открија паралела помеѓу некои пијалоци како црна каја и тоник и опасното нарушување на личноста.
Резултатите од истражувањето, во кое беа опфатени илјада луѓе, а беше спроведено на Универзитетот во Инсбрук во Австрија, беа објавени во списанието „Апетит“.
Учесниците во студијата рангирале различни видови храна на скала од шест точки, а потоа биле подложени на тест кој ги идентификувал нивните карактеристики.
Авторите Кристина Сагиоглу и Тобијас Грејтмајер открија дека колку повеќе личноста ужива во горчливите вкусови, толку потемни се неговите карактеристики на личноста.
– Ова истражување покажа дека злонамерните особини се поизразени кај луѓето кои претпочитаат горчлив вкус , пишуваат тие.
– Садистите го доживуваат горчливиот вкус како нешто позитивно поради нивната способност да предизвикаат негативно искуство кај другите луѓе, додаваат тие.
Ова не е прв пат истражувањето да открие поврзаност помеѓу вкусот и личноста . Досега се покажа дека слаткиот вкус ве тера да сакате некому да му помогнете, додека горчливиот ја зголемува количината на непријателство и предизвикува посилни морални принципи.
Затоа, ако имате пријател или партнер кој избегнува шеќер и млеко во шолјата кафе, внимавајте.