Марко Милошевиќ, внук на воениот злосторник Слободан Милошевиќ, влегува во српската политика.
Шефот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, најави дека на свечената седница на Главниот комитет на партијата ќе предложи во тој комитет да биде вклучен и внукот на Милошевиќ, Марко, пишува Klix.ba Милошевиќ рече дека ќе даде сè од себе да придонесе што повеќе за партијата и општеството.
„Мило ми е што сум во присуство на драги пријатели, партиски другари. За мене оваа идеја е вечна и мило ми е што постои во овој континуитет, и ќе продолжи да постои, допрва ќе постои“, изјави Милошевиќ.
Внукот на Милошевиќ изјави дека би сакал да придонесе за државата со правната наука бидејќи правото е „неговата голема љубов“.
„И јас сум многу заинтересиран да се занимавам со право. Па, би сакал да ја искористам можноста да споделам нешто. Правото е моја голема љубов, конкретно јавното меѓународно право. Имајќи го тоа предвид, има проблеми со кои се соочуваме и како општество и како држава и се надевам дека ќе има можност да се дојде до најдоброто можно решение“, рече Милошевиќ.
Тој е помладиот син на Марко Милошевиќ и неговата прва сопруга Милица Гајиќ.