Водата во Град Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 47 мерни места во градот.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10 до 15  април зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации јавното претпријатие ги објавува во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

водалокалноМакедонијаСкопје