Јавното општинско претпријатие ЈКП Тетово соопшти дека водата во Тетово не е погодна за пиење, бидејќи, како што рекоа, изворот се заматил поради обилните врнежи од дожд.
ЈКП Тетово соопшти дека утре ќе се вршат анализи на водата и граѓаните ќе бидат известени кога ќе можат да ја користат водата за пиење.
„Ве известуваме дека во рок од еден час ќе почне да се пушта водоводната мрежа низ целиот град. Сепак, поради обилните врнежи од дожд што продолжуваат вечерва во регионот Попова Шапка, во изворите се појави заматеност на водата, а водата продолжува да биде заматена и несоодветна за пиење. Се молат граѓаните да ја користат водата само за основни потреби (како што се хигиена и чистење), сè додека не завршат новите лабораториски испитувања. Следните испитувања ќе се извршат утре, по што граѓаните веднаш ќе бидат информирани за резултатите и квалитетот на водата. Ви благодариме за разбирањето и соработката“, се наведува во соопштението на ЈКП Тетово.