Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвен метеоролошки аларм , каде што веќе се евакуирани 3.000 жители.
На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.
На една од сликите е прикажан поплавен аеродром, додека на друга слика се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица.
Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување до телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“.
Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.
Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвена тревога, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалова тревога.
Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.