Водеше клубови од Англија, Шпанија и Италија, но не и од… Жозе Мурињо доаѓа во лига во која уште не бил !?

Да бидам искрен, многу сум лут. Ќе го цитирам Оливер Кан: Ни недостига! Понекогаш мора да зборуваме за нас играчите, не е секогаш се до тренерот“.

Ова се зборовите на Томас Милер по поразот на Баерн Минхен на гостувањето кај Баер Леверкузен (2:0). И донекаде е во право. Кога на клубот му оди лошо, најлесно е да го обвини тренерот и да му го врачи отказот, подобро еден човек отколку единаесет…

Но, факт е дека Томас Тухел не напредуваше во играта на Баерн Минхен. Баварскиот гигант многу се мачи, а ова многу добро може да биде сезона во која по 11 последователни титули ќе останат без титулата германски шампион.

Доколку Баерн Минхен реши да ја прекине соработката со Германецот, јасно е дека ќе има многу кандидати за преземање на „жешката“ клупа. Еден од оние кои високо отскокнуваат е Жозе Мурињо (61 г.)! „Инсајдерот“ на Баерн МинехнКристијан Фалк, новинар на Bild, тврди дека Португалецот е многу заинтересиран да дојде во Минхен.

Слушнав дека учи германски. Тој веќе флертуваше со Баерн Минхен во минатото, подготвен е“, открива Кристијан Фалк.

Жозе Мурињо

Португалецот е без работа од средината на јануари, кога ја прекина соработката со Рома, која ја водеше до титулата во Конференциската лига во 2022 година и не му недостига мотивација. Водел клубови од Англија, Шпанија, Италија… Во неговото CV недостасува само клуб од Германија.

Баерн МинхенЖозе Мурињофудбал