Водителка на српската телевизија Хепи се појави пред камерите на утринската програма, очигледно во алкохолизирана состојба.
Таа ја водеше програмата на многу необичен начин, со постојано смеење, заплаткување на јазикот и едвај составајќи разбирливи реченици.
Убавата русокоса со својот изглед ги седна гледачите пред малите екрани, но и крена бура од коментари дека ваквото однесување е недозволиво на телевизија и на програма во живо.
Многу често се случува водителките да направат некои грешки или гафови кои стануваат вирални преку социјалните мрежи, па така некои од нив стануваат познати и на тој начин.
Сосема е нормално да се прават грешки во текот на работата, особено кога е емисијата во живо, а често има и некои проблеми кои се од техничка природа, кои може да ги доведат водителките во многу непријатни ситуации и да станат предмет на потсмев.