Таа се однесуваше како вистински професионалец.
Познатата водителка и лото девојка, Сузана Манчиќ, доживеала сериозна непријатност среде телевизиско студио, кога паднала на бината и се повредила.
Инцидентот се случи во 2011 година, кога Сузана на самиот почеток на емисијата „Песна плус бинго плус“ во студиото на РТС падна на скалите, при што го повреди левото рамо.
И покрај неподносливите болки, водителката продолжила со снимањето на емисијата, за по нејзиното завршување да биде пренесена во Ургентниот центар.
– Цел ден сум во движење. Кога паднав, си ги искинав чорапите и ми падна чевелот, иако на тоа воопшто не се сеќавам. Тетивите на рамото ми се скинати, имам модринки и рани на нозете и се страшно ме боли. Лекарите ми препишаа физикална терапија, па се надевам дека до недела ќе бидам подобро – изјави тогаш водителката.