ВОДИТЕЛКАТА НА РТС ЈА ПРЕКИНА ПРОГРАМАТА! Ја водеше емисијата, а потоа со солзи во очите на гледачите им ја соопшти тажната вест (Видео)


Водителката на РТС ја прекина програмата за да се прости од починатиот колега Саша Дукиќ.

Водителката на „Београдска хроника“ Слаѓана Томашевиќ ја прекина програмата и на гледачите им ја соопшти тажната вест. „Секогаш е тешко да се збогуваш со колегата, нашиот Саша Дукиќ, снимател, чии снимки со години ги гледавме во белградската хроника, не напушти, погребот ќе биде во четврток, на 23 мај“, рече Слаѓана.

Да потсетиме, по кратко и тешко боледување, на 59-годишна возраст почина снимателот на РТС Саша Дукиќ, соопштија од оваа компанија. Тој беше на терен во многу кризни ситуации – за време на бомбардирањето, како и за време на поплавите во мај 2014 година.

Работата со Саша Дукиќ беше лесна и убава. Не е неопходно вашиот снимател да биде воен специјалец, но во неговиот случај токму тоа се случи, Сале беше падобранец, ветеран на 63-та падобранска единица, на што беше особено горд“, напиша РТС во трогателната објава.