Деновиве, еден од најгледаните клипови на TikTok е клип од германска емисија посветена на телевизиската продажба, во која водителката упорно се обидува да си го спушти фустанот и да спречи непријатен момент во кој едноставно би открила премногу пред публиката.
Шоуто датира од мај 2021 година, но клипот неодамна стана вирален, а во него се појавува поранешната Мис на Германија, Ана-Катрин Кош. Таа рекламира правосмукалка со стап, но за таа прилика облекла прилично незгоден фустан кој и направил многу проблеми.
Ана го водеше шоуто во светло-виолетова ликра фустан со огромен шлиц, кој постојано се креваше, откривајќи ги нејзините гаќички. Таа мораше да ги сведе движењата на минимум, иако тоа го бараше нејзината работа, но секое движење значеше дека целата земја можеше да ја види нејзината долна облека!
@focuscelebrityreal ✅ Follow On YouTube FocusCelebrity
♬ suono originale – ⭐FocusCelebrity⭐
Кош беше во голема агонија, го влечеше нејзиниот фустан и се обидуваше да ги одржува работите пристојни, но не можеше. Сепак, таа успеа да одржи професионален став и ниту еден момент не ја симна насмевката од лицето.
Видеото беше прегледано речиси 3 милиони пати, а следеа и бројни коментари.