Леонардо да Винчи е еден од најбрилијантните умови на сите времиња, а многумина не знаат дека од 37-годишна возраст водел дневник во кој, меѓу другото, бележел и за јавното здравје.
Имено, во списите „Codex Atlanticus“ и „Ракопис Б“ има практични совети поврзани со здравјето, исхраната, физичката активност, однесувањето, како и животната средина.
Во тетратките што Да Винчи ги чувал, а кои се сочувани до денес, има сознанија за неговиот однос кон исхраната и готвењето.
pbs.org споделува совети за јавно здравје од една од тетратките на Леонардо да Винчи:
„Ако сакате да бидете здрави, држете се до овој режим.
Не јадете кога немате апетит и јадете лесна храна за вечера.
Добро џвакајте, а што и да внесете нека биде добро сварено и направено од едноставни состојки.
Земањето лекови е лош совет.
Пазете се од гнев и избегнувајте загаден воздух.
Останете да стоите некое време после оброк.
Не спијте напладне.
Виното измешајте го со вода, земајте го малку по малку, но не меѓу оброците, ниту на празен стомак.
Не ја одложувајте посетата на тоалетот.
Ако вежбате, не правете ги премногу напорни.
Не легнувајте со стомакот нагоре и со главата надолу.
Бидете добро покриени во текот на ноќта.
Одморете ја главата и бидете весели.
Не бидете непромислени и држете се до диетата“.