Воени сили упаднаа во парламентот: Ситуацијата во Јужна Кореја се вжештува

Во драматичен развој на настаните во Јужна Кореја, каде што претседателот прогласи вонредна состојба, воените сили упаднаа во парламентот на земјата. Овој потег претставува значителна ескалација на политичките тензии во Јужна Кореја.

Да потсетиме, претседателот на Јужна Кореја Јун Сук Јеол во вторник прогласи вонредна состојба во земјата.

Претседателот ја обвини опозицијата за „антидржавни активности“.

Во својот говор, јужнокорејскиот претседател ја обвини опозицијата дека „го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности“.

Препорачуваме Прогласена вонредна состојба во Јужна Кореја, Кејт полека се враќа на обврските, повторно се виде во јавноста: Со еден детаљ и’ оддаде почит на кралицата Елизабета

По неговиот говор, министерот за одбрана свика итен состанок на Советот за безбедност, а армијата е ставена во борбена готовност.

Иако деталите за тоа какви мерки ќе бидат спроведени за време на вонредната состојба не се објавени, според сегашниот закон во Јужна Кореја, ова се клучните мерки што претседателот може да ги спроведе.