Возачката ја чинела милиони! Полагала речиси 1.000 пати: „Познатиот производител дури и подарил автомобил“

Трета среќа, или во случајот на јужнокорејката Ча Са-сун 961 среќа да добие возачка дозвола.

Оваа пензионерка сега вози откако конечно го положила писмениот возачки испит , пишува азиски веб-сајт.

Нејзината неверојатна приказна започна пред повеќе од десет години, но неодамна повторно се појави на Reddit и стана популарна.

Кога почнала во 2010 година, таа имала 69 години . Таа стана позната и во локалните кругови бидејќи нејзината приказна инспирираше многу луѓе кои се мачеа да го положат својот возачки испит .

Са-сун, која сега има 80 години, не дозволуваше ништо да ја спречи и решително го полагала писмениот тест секој ден, пет дена во неделата три последователни години.

Тоа ја чинело милиони…

Сепак, секој пат потфрлила, но истрајала во се и конечно ја добила возачката дозвола. На крајот, Са-Сун потрошила повеќе од 5 милиони вони (околу 4.000 евра) обидувајќи се да ги помине овие тестови.

Баба научи да вози во автошколата Џеонбунк, а кога конечно ги положи тестовите, сите нејзини трпеливи наставници славеа со неа.

-Кога конечно ја доби дозволата, сите излеговме на прослава и ја прегрнавме, подарувајќи и цвеќе – изјави Парк Су-џеон, инструкторка во автошкола.

– Се чувствуваше како од сите нас да е симнат голем товар. Немавме храброст да и кажеме да престане бидејќи постојано се појавуваше – додала таа.

Нејзината приказна го привлече дури и вниманието на Hyundai, кој ја награди Са-Сун со автомобил кој чинел 16.800 долари . Таа глумела и во нивната популарна реклама.

– Не ми пречеше – рекла тогаш Са-сун.