Во Ургентниот центар починал И.С.(42), возач на трамвај од Белград, пишува „Телеграф.рс“.
На несреќниот човек вчера му се слошило додека возел. Успеал да го запре возилото и да излезе каде што колабирал.
Граѓаните повикаа брза помош и полиција.
Тој бил примен во несвесна и во лоша состојба во итната медицинска помош, каде што починал неколку часа подоцна.
Случајот бил пријавен кај обвинителот кој наредил да се изврши обдукција на телото.