– Патничко возило „сузуки“ со српски национални ознаки синоќа излетало од патот на автопатот А1, во близина кај граничниот премин „Богородица“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(45) и една малолетна сопатничка, додека со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, сите од Србија, констатирани во болницата во Гевгелија.
Како што соопшти МВР, возилото го управувал Д.Д.(58) од Република Грција, со живеалиште во Република Србија.
Случајот синоќа во 23.25 часот бил пријавен во Полициската станица Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.