Шокантната снимка на која маж (55) удира момче (4) во супермаркет ги остави луѓето во целосен шок.
Безбедносна камера го снимила моментот кога маж (55) удрил момче со чекан во Курчатов (Русија) во областа Курск. Таткото и мајката веднаш реагирале, но момчето веќе било преплашено и лежело на под.
Напаѓачот и’ рекол на полицијата дека мислел дека момчето е „манекен“ кој го ставаат на излогот, иако од видеото е јасно дека го видел момчето како оди. За среќа, момчето не се здобило со сериозни повреди и е во добра состојба.
Според полицискиот извештај, мажот бил во алкохолизирана состојба, одбил да биде прегледан и одбил да соработува со органите на прогонот. Неименуваниот маж и претходно предизвикувал инциденти. Имено, тој пред две години пцуел во јавен превоз и напаѓал патници.
Видеото од нападот ги згрози корисниците на социјалните мрежи и фактот дека мажот е обвинет за обид за убиство на малолетник бидејќи на видеото се гледа дека тој би продолжил да го удира момчето доколку мајката и таткото не дотрчале.
„Што му поминуваше низ главата“, „Сигурно знаеше дека е дете“, „Најморничавото нешто што сум го видел денес“, се само дел од коментарите.