Несекојдневна сцена се случила во блокот 38 во Нов Белград, кога постар маж нокаутирал момче (9) затоа што според минувачите возел велосипед и ги преплашил детето и сопругата.
Детето кое го возело својот велосипед не направило ништо за да ја исплаши жената со детето. Според очевидци, мажот му пришол и го удрил, а потоа му пришол друг маж да го одвои од трауматизираното дете.
Видеото стана вирално, а сцената ја снимил сограѓанин.
– Минатата недела се случи нешто понижувачко во блок 38. Детето возело велосипед и не се снашло во одредена ситуација во која исплашило жена и нејзиното дете. Во тој настан не настанала никаква штета или повреда. Во таа ситуација мажот на жената притрчал и со тупаница го удрил детето велосипедист. Возрасен маж нокаутирал 13-годишно дете. Пред голем број очевидци. Потоа го нападнал човекот кој дошол да го смири и одвои од несреќното дете. Видеото е од далечина, но е автентична снимка на настанот – се наведува во описот на видеото.