Српскиот фудбалер Милош Петровиќ се здоби со тешка повреда на натпревар од пониска лига.
Во еден дуел му беше скршен черепот.
Петровиќ игра за Млади Радник 1940 од Радинац, а во дербито на Дунавската окружна лига, инаку петтолигаш во Србија, против Борац од Раље, доби страшен удар.
Натпреварот заврши со резултат 3:3, но исходот е поинаков.
На почетокот на вториот дел дојде до судир со глави меѓу Петровиќ и Лазар Савиќ, играч на Борац.
Веднаш било јасно дека се работи за сериозна и тешка повреда, а Петровиќ со возило на брза помош бил префрлен во Клиничкиот центар на Србија, каде му била извршена операција.
Реакциите на лекарите доволно зборуваат за состојбата на несреќниот фудбалер.
„Тоа беше грозоморна сцена, а чудо е што Петровиќ остана свесен со таква внатрешна скршеница на челната коска. Директорот на неврохирургија изјави дека на Петровиќ му се скршени сите фронтални и челни коски, како и синусите а бил зачуден од тоа што немало оштетување на мозокот. Тој веднаш примил лек за намалување на отокот на мозокот, а вчера бил опериран.
Претседателот Никола Матејиќ со својот брат Марко вчера бил во Клиничкиот центар на Србија.
Докторот вели дека е во стабилна состојба и два дена ќе биде во шок соба.
Се надеваме на најдобро“, изјави Далибор Јанковиќ, секретар на клубот.
По натпреварот, Млад работник се огласи и испрати порака со поддршка до својот фудбалер.
Се огласи и фудбалерот кој доби голем број пораки за поддршка на социјалната мрежа Фејсбук. Тој објави фотографија на која се гледа во каква состојба пристигнал во болница.
Луѓе, ви благодариме на сите за поддршката. На крајот сè ќе биде како што треба, со Божја помош!“, порача Петровиќ.
На овој натпревар се случи уште една сериозна ситуација.
На стартот од натпреварот по стартот на Никола Божиган се повреди фудбалерот на Млада Радка, Петар Гроздановиќ.
Гроздановиќ бил префрлен во болницата во Смедерево, а на рендгенот било забележано дека се набиени две ребра.