Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го совлада петтиот светски играч Русинот Андреј Рубљев по два сета 7:5, 6:2 во второто коло од Црвената група на завршниот АТП турнир во Торино.
Мечот траеше еден час и 15 минути, а на почетокот на вториот сет беше забележана вознемирувачка сцена, а во „главна улога“ беше рускиот тенисер.
Имено, една грешка го исфрли од такт Русинот, а Рубљев реши да го извади бесот на рекетот, а потоа и да се самоповреди, што ги шокираше присутните навивачи.
Во Црвената група Русинот Данил Медведев, Александар Зверев од Германија имаат по една победа, Алкараз победа и два порази, а Рубљев има два порази.
Во вториот меч во таа група вечерва од 21 часот играат Медведев и Зверев.