Околу 35 лица загинаа, а 43 лица се повредени кога автомобил налета на група луѓе пред спортскиот центар во јужниот кинески град Жухаи.
Ова денес го објави државната телевизија CCTV .
Вознемирувачки снимки од инцидентот ги преплавија социјалните мрежи.
На снимката се гледаат последиците од страшниот инцидент што се случи во понеделникот вечерта.
Кинескиот медиум „Каиксин“ објави дека возилото, теренец, удрило во повеќе групи каде што имало луѓе и удрило во десетици учесници.
Голем број од повредените се средовечни и постари лица, а меѓу повредените има и тинејџери и деца.
По инцидентот возачот избегал но набрзо бил уапсен и е во притвор.
Државните медиуми претходно објавија дека повредените се пренесени во четири болници.
Само во една болница биле примени повеќе од 20 луѓе.