ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ – Ќерката на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ го пријавила сопругот со кој има две деца за семејно насилство: “Ме заклучи, а потоа почна…“

Српската актерка Јована Балашевиќ, на многумина попозната и како ќерка на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, во саботата го пријавила својот сопруг Александар Јовановиќ, поранешниот претседател на Собранието на Град Нови Сад, за семејно насилство, пишуваат соседните медиуми.

Како што дознаваат српските медиуми, Јована дошла во станот на улицата „Илија Огњановиќ“ каде живеела со сопругот, за да си ги подигне работите за да се исели од таму, но потоа дошло до вербална пресметка при што Александар упатил низа навреди кон актерката а потоа ја заклучил Јована и и рекол дека нема да излезе од станот и дека може слободно да повика полиција.

Јована потоа и се јавила на мајка си, која ја контактирала полицијата, а набргу потоа Јовановиќ го отклучил станот и ја пуштил да излезе.

Јована во полиција изјавила дека со години трпела тортура на психичко насилство и дека Јовановиќ ја нарекувал „луда“ и и кажувал дека треба да се лекува и да пие лекови. Инаку, двајцата имаат две малолетни деца од вонбрачна заедница.

Според информациите од тамошната полициска управа, на Јовановиќ му е изречена итна забрана за доближување до Јована, а обвинителството против него во редовната постапка за семејно насилство поденло кривична пријава.

Не би кажала ништо на таа тема, поради децата и семејството. Точно е дека го пријавив сопругот, постапката е во тек. Тоа е сè што можам да кажам засега, разберете ме“, изјавила Јована Балашевиќ за српскиот весник Blic.rs.

Александар ЈовановиќЈована Балашевиќсемејно насилствоСрбија